Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, е убедливо најефикасниот фудбалер во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот гол против Ајакс на дуелот во Амстердам беше 24. за Португалецот во оваа фаза од елитното фудбалско натпреварување. Роналдо има одиграно вкупно 21 натпревар во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Тој постигна повеќе голови во оваа фаза од Раул и Лионел Меси заедно. Тие имаат постигнато 20 гола.

Интересно, Меси воопшто не постигнал гол во последните 12 четвртфиналиња на Лигата на шампионите. Негов последен погодок во оваа етапа е забележан во 2013 година на натпревар со Пари Сен-Жермен.

Барселона беше сигурна на Олд Трафорд и победи минимално но го изгуби капитенот Меси за следните неколку натпревари.

При еден воздушен дуел со Крис Смолинг, Меси доби удар во носот по што беше неопходна лекарска интервенција за да го продолжи натпреварот.