Филипинската царина пронајде во еден пакет со украсна хартија 757 тарантули во пластична кутија, соопштија денеска тамошните власти.

Пакетот е пронајден во поштенска пратка на аеродромот во Манила, наведуваат властите во Филипини чија земја често пати е транзитна за шверц на егзотични животни.

Пакетот од Полска предизвиал сомнеж кај царинските службеници. На пратката било наведено дека содржи бисквити, чај и разни житарки. Но наместо храна, цариниците се изненадиле кога пронашле десетици мали пластични садови полни со тарантули.