Иако е вообичаена пракса секогаш кога ќе допатува висок странски претставник да се интонираат химните на двете држави, денеска, за време на официјалниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на платото пред Владата во Скопје, македонската и грчката химна не беа интонирани. За пречекот на грчката делегација немаше ниту највисоки воени почести.
Од Владата тврдат дека протоколарните свечени активности биле изоставени поради доцнењето при слетувањето на авионот на грчката делегација.
„Беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда“, информираат од Владата.
Comments are closed for this post.