Грчкиот премиер, Алексис Ципрас кој утрово допатува во Скопје со голем број на министри и бизнисмени, ќе се сретне со осумтемина независни пратеници од  на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија”. Најавено е дека  средбата ќе се одржи попладне во Собранието.

На средбата се очекува да разговараат за договорот од Преспа.

Ципрас нема да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот Ѓорге Иванов.