Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо, кој го поддржува САД и западните земји, го повика населението да се подготви за операцијата „Слобода“.
Тој повика на акција која ќе доведе до преземање на власта во Венецуела откако светските медиуми пренесоа дека во текот на викендот на аеродромот во Каракас слетале два руски воени авиони.
Време е да се подготвиме за операцијата „Слобода“ и вршење на максимален притисок (на владата) како конечно би се ставил крај на узурпацијата. Сите, апсолутно сите имаат улога во оваа фаза од нашата борба“, порача Гваидо на Инстаграм
Спутник објави дека два руски воени авиони во саботата слетале на главниот аеродром во Каракас, а наводно во нив биле десетици војници и голема количина на опрема, со задача да „исполнат техничко воени договори“.
Би-Би-Си пренесува дека венецуелскиот новинар Хавиер Мајорка на Твитер напишал дека видел околу 100 припадници на руските воени сили и 35 тони опрема која е истоварена од авионите.
Comments are closed for this post.