Премиерот на Унгарија Виктор Орбан во радио-интервју ги повика сите Унгарци „кои ја сакаат својата земја и ги поддржуваат нејзините интереси да учествуваат на изборите за Европскиот парламент на 26-ти мај“.

На Брисел мора да му се покаже дека ова што се случува во Унгарија е желба на нејзините граѓани. Нема во Брисел по канцелариите на партиите кои се туркани и влечени кон левицата или низ невладините на Сорос да се одлучува што ќе се случува во Унгарија и Европа. Нема да ги следиме диктатите на Брисел ако не се добри за Унгарците“, вели Орбан.

Коментирајќи ги изјавите на канцеларката Ангела Меркел дека е неприфатливо одредени држави во ЕУ да одбиваат мигранти, Орбан вели дека про-имигрантските држави и нивните лидери не се откажале од нивниот план да ја променат централна Европа.

Но, луѓето од централна Европа имаат повисока морална позиција бидејќи, за разлика од западните Европејци, не им кажуваат на другите како треба да живеат“.