Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска во Тибилиси дека Грузија ќе се приклучи кон алијансата и покрај противењето на Русија.

„Сите 29 сојузници јасно наведоа дека Груија треба да стане членка на НАТО. Заеднички ќе продолжиме да работиме на подготовките за прием на Грузија во членството“, изјави Столтенберг на конференција со грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе.

Како што кажа тој, НАТО „нема да прифати Русија или било која друга сила да одлучува кој може да биде член.

Евентуален влез на Грузијаа во НАТО, Москва го смета за мешање на западот во нејината сфера на влијание.

Лидерите на алијансата на самитот во Букурешт во 2008, кога поканата на НАТО за Македонија беше блокирана од Грција, ветија на Грузија евентуално приклучување кон организацијата на што се спротистави моќниот сосед Русија и влезот во сојузот до денеска не е покренат.

Бахтаѕе на конференцијата рече дека Русија „нема право да го ограничува изборот на суверена земја со кој ќе прави безбедносни аранжмани“.

„Пристапувањето во НАТО е избор на грузискиот народ и тоа го пишува во нашиот устав“, изјави грузискиот претседател.

Столтенберг пристигна во Тбилиси за да присуствува на заедничка воена вежба на Грузија и НАТО. Маневрите почнаа на 18 март и ќе траат 12 дена.

Грузија и Русија во август 2008 година водеа петдневна војна, започната со грузискиот напад на сепаратистичката Јужна Осетија.

На судирот му е ставен крај со мировен договор, а Москва на 26 август 2008 година ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија, каде и понатаму има големо воено присуство. Грузија тоа го нарекува окупација.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев минатата година изјави дека влезот на Грузија во НАТО, би можело да предизвика ужасен судир.