Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва беше отворена изложбата со наслов „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“.
Куратор на изложбата е Бојана Јанева Шемова. Изложбата се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност.
На изложбата се претставени дела од авторите кои биле дел и од првата постојана поставка на МСУ-Скопје во 1970 година. Станува збор за видни претставници и придвижувачи на актуелни уметнички правци во Италија и во Европа во повоениот период.
Изложбата е дел од програмата на Музејот на современата уметност за 2018 година и е поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија, Италијанска амбасада во Р.Македонија и ќе биде отворена се до 31 јануари, 2019 година.
Изложбата беше отворена со кусо обраќање на премиерот Зоран Заев.
Comments are closed for this post.