Анџелина Џоли не престанува да шокира со својот изглед, но овој пат холивудската ѕвезда ја промени фризурата и тоа за потребите на филмот „Come Away“, пишува Daily Mail. Филмот ќе ја претставува позадината на Алиса во земјата на чудата и Петар Пан.

Обожавателите на интернет коментираат дека оваа фризура актерката ја прави постара.

Инаку во филмот „Come Away”, Анџелина Џоли глуми со Мајкл Кејн и Гугу Мбата-Роу, а режисер на филмот е Бренда Чепмен.

Ова не е првпат Џоли да ја видиме со руса коса, русокоса беше и во Оскаровецот Girl, Interrupted.