Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски денеска од Охрид порача дека благодарение на изградените пријателства следуваат економски придобивки за граѓаните. Како пример го посочи железничкото поврзување со Грција, после 32 години и градењето на пругата кон Бугарија, а откри и дека наскоро ќе започне изградба на автопат со Албанија.
На трбинината со охриѓани, Пендаровски успехот на државава рече дека е постигнат со градење на добрососедски односи, како и преку решавање на долгогодишните спорови. Република Северна Македонија станува политички и стратешки лидер на Балканот, порача Пендаровски на средбата со пензионерите од Охрид.
„Не можеме да напредуваме ако останеме изолирани. Сите предизвици за мир, стабилност и подобар живот треба да ги водиме заеднички, бидејќи само така може да успееме. Со здружени сили Македонија ја претвораме од држава која решава политички проблеми, во силна и отворена земја со која сите се гордееме. Македонските граѓани со својот претседател ќе бидат лидери на балканското пријателство, на еден Европски Балкан. Јас ќе бидам таков претседател, кој ќе обединува, кој ќе води напред, кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот, во интерес на сите наши граѓани“, додаде Пендаровски
Comments are closed for this post.