Престојните претседателски избори ќе ја покажат зрелоста и демократскиот капацитет на државата, од што во голем дел ќе зависи и донесувањето на одлуката за преговори со ЕУ. Тие треба да бидат фер и демократски заклучија по заедничката средба во просториите на ДИК вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и претседателот на комисијата Оливер Дерковски.
Според Османи изборите се одржуваат во најдобар или во најлош момент за државата, бидејќи ќе завршат еден месец пред донесување на одлуката за преговори со ЕУ.
Дека изборниот процес треба да помине без и најмали забелешки согласен и претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кој уверува дека тие како институција ќе направат сè тоа да се реализира.
Во однос на Избирачкиот список, Дерковски рече дека фантоми нема, а во списокот се запишани сите државјани кои се полнолетни и имаат право на глас. Тој откри дека околу 60.000 граѓани направиле проверка дали се на списокот или не или пак за впишување одредени промени на личните податоци, за време на јавниот увид во списокот, кој завршува денеска.
Comments are closed for this post.