Воспалителна реторика од страна на политичките лидери предизвикува страв и поделби, особено кога неправилно ги користат минатите настани, како што се Нирнбершките процеси за политички цели. Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог околу правецот во кој се движи земјата.  Многу е важно лидерите да се вклучат во граѓански дијалог кој може да ја унапреди стабилноста и просперитетот на Северна Македонија.“

Ова е реакцијата на амбасадата на САД во Скопје објавена на Фејсбук и на Твитер, што индиректно се однесува на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборувајќи за настаните од 27-ми април и за апсењето на Митко Чавков го употреби овој термин. 

На прашањето дали тој очекува да се потврди информација дека Митко Чавков ќе биде осуден на 14 години затвор, тој одговори:

Па јас имав слушнато и подолг период за жал, и очекувам дека вкупната пресуда којашто ќе се случува во петок ќе биде преку сто години за сите обвинети од 27-ми април, и тоа ќе биде практично Нимбершки процес за првпат запаменет во поновата историја на Република Македонија“, истакна Мицкоски во интервју за Сител. 

Тој додаде дека сето ова претставува осветољубие и ништо друго.