Ирскиот борец и светска ултимејтфајт ѕвезда, Конор Мекгрегор синоќа бил уапсен во Мајами по еден инцидент во кој му одземал и скршил телефон на негов фан.
WATCH: Conor McGregor released from jail in south Florida following his arrest pic.twitter.com/5k1z8GaoFL
— RTÉ News (@rtenews) March 12, 2019
Настанот се случил пред хотелот „Фонтејнблу Мајами Бич“. Ирецот го зел телефонот и го фрлил на земја, по што неколку пати го згазил со ногата, потоа ги собрал остатоците од „своето дело“ и си заминал. Тој веднаш бил пријавен, по што полицијата неколку часа подоцна го привела Мекгрегор од неговиот дом во Мајами, каде се наоѓа на прослава на 60. роденден на својата мајка.
According to online records, Conor McGregor has been arrested in Miami. Miami Herald reports McGregor is being accused of breaking a fan’s phone. pic.twitter.com/JW1UzhniVy
— Brett Okamoto (@bokamotoESPN) March 11, 2019
Ирскиот борец бил пуштен со кауција од 12.500 долари, но дополнително низ судски процес ќе биде одредена казната. Не се исклучува ниту можноста за затворска казна, ако се знае дека тој и минатата година имаше проблеми со законот во САД, кога го нападна автобусот на Хабиб Нурмагомедов.
Comments are closed for this post.