Индиски и пакистански војници повторно меѓусебно гранатираа воени позиции и села долж границата во регионот Кашмир, обвинувајќи се меѓусебно една друга за започнување артилериски напади и оган од малокалибарско оружје.
Нема информации за евентуални жртви.
Тензиите ескалираа откако Индија спроведе воздушни напади врз наводен терористички камп на групата Џаиш-е-Мохамед во регионот Кашмир, длабоко во пакистанска територија. Нападот ледеше неколку дена откако терористичката група ја презеде одговорноста за убиството на 40 индиски војници во самоубиствен напад во Кашмир.
Еден ден подоцна, Пакистан собори два индиски воени авиони во знак на одмазда и зароби еден пилот, кој подоцна беше ослободен.
Индија и Пакистан од 1947, кога прогласија независност од Велика Британија, водеа три војни, од кои две заради Кашмир.
Comments are closed for this post.