Овој прв Боинг 777 денеска е користен од многу компании ширум светот.
Меѓутоа, сега после толку години летање, првиот 777 ќе го има својот последен лет, и тоа до Музејот на воздухопловството во Аризона, каде ќе биде „пензиониран“ како врвна туристичка атракција.
Овој модел, 777-200, со ознака Б-ХНЛ, бил на производствена лента во 1994 година, по што конечно бил пуштен во комерцијална употреба за авиокомпанијата „Катеј пацифик ерлајнз“ во Хонг Конг во 2000 година.
A new addition! Pima Air & Space Museum received the first-ever #Boeing 777 (WA001) today by way of @cathaypacific, one of the largest operators of 777s and a launch customer for another addition—the all-new #777X. RELEASE: https://t.co/PwKs9GjcI2 pic.twitter.com/Lfk5PoB5hs
— Boeing Airplanes (@BoeingAirplanes) September 18, 2018
Низ годините во „Катеј пацифик“, имал 20.519 летови. Тоа се блескави 49.687 часа лет. Авионот е повлечен од служба во мај 2018 година.
Боинг во моментов работи на ново издание на 777-777-9 кој би требало да полета до 2019 година. Од компанијата истакнуваат дека оригиналниот 777 има посебно место во историјатот на авиокомпанијата и комерцијалната авијација воопшто.
Музејот во Аризона е сон за секој авијатичар. Во него се сместени 150 авиони, а уште 150 на отворено. Има експонати од некои од најпознтите летала. Посетителите можат да го посетат и познатото место каде што “авионот умира”, кој опфаќа повеќе од 2.600 хектари.
Comments are closed for this post.