Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сликаше со прославениот холивудски глумец Џони Дип и за таа прилика порача дека Србија станува балкански Холивуд.
„Србија стана балкански Холивуд, благодарение на Одредбата за поддршка за странски филмски продуценти, која се применува четири години. Бројни филмски екипи пристигаат во нашата земја, задоволни од условите, нивото на професионализам кај филмските работници и поддршката од државата. Благодарам Џони Дип што веруваше во нас, напиша Вучиќ под објавената слика на инстаграм.
Претседателот Вучиќ денеска беше во обиколка на филмската екипа на популарниот глумец Џони Дип, кој престојува во Белград каде го снима филмот „Минамата“ базиран на вистинска приказна. Покрај српскиот претседател е и легендарниот Добривое Танасијевиќ попознат како Ден Тана.
Comments are closed for this post.