Ескилираа тензиите помеѓу Индија и Пакистан заканувајќи се на регионот, но и на светот да биде вовлечен во нуклеарна војна.

Пакистанската армија соопшти дека изутрината урнала два индиски воени авиона кои се нашле во воздушниот простор на Пакистан. Едно од леталата паднало во делот на Кашмир, контролиран од Пакистан, а другиот во делот што е под контрола од Индија.

Пакистанската војска потврди дека двајца од индиските пилоти се заробени. Портпаролот на војската Асиф Гафор изјавил дека еден од пилотите е повреден и дека е примен во воена болница, а другиот е во притвор.

„Пилотите имаат добар третман, изјави Гафор не спомнувајќи ја можноста за нивно враќање во Индија.


Портпаролот на министерството за надворешни работи на Пакистан, Мохамед Фаисал, рекол дека пакистанските сили го извршиле нападот за да го покажат своето право, желба и способност за самоодбрана.

“Не сакаме ескалација, но потполно сме подготвени да одговориме ако бидеме принудени на тоа“, изјавил Фаисал.

Индија оговори, срушен е пакистански воен авион Ф-16, кој наводно влегол во индиска територија. Според индиската агенција „Ана“, пилотот се катапултирал но повеќе информации за неговата остојба или локација каде се наоѓа не се соопштуваат.

САД итно реагираа

По ваквиот развој на настаните, итно реагираше американскиот државен секретар Мајк Помпео. Тој во телефонски разговор со министрите за надворешни на двете земји ги повикал страните да се воздржат и побарал да избегнат ескалација на конфликтот.

Москва е загрижена

Моска е сериозно загрижена заради размената на воздушни напади помеѓу Индија и Пакистан и се надева на брза деескалација на ситуацијата, изјави директорот на оделението на Министерството за надворешни за Азија, Замир Кабулов.