Царинската служба во Ротердам заплени огромна количина водка за Северна Кореја, пренесоа светските агенции.

Пратката од 90 000 шишиња руска вотка, за која се верува дека била наменета за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и други високи државни раководители, била пронајдена минатата недела скриена во багаж од авион.

Водката била транспортирана со кинески товарен брод.

Санкциите на ОН против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма забрануваат извозот на голема количина луксузни стоки за земјата.

Ким, кој е школуван во Швајцарија, е познат по вкусот кон убавиот живот и добрата руска капка.