Претседателите на САД и на Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, се наоѓаат во главниот град на Виетнам, Ханој, на директна средба.

Главна тема на разговорите на двајцата претседатели ќе бидат обидите да се најде начин за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Самитото во Ханој, е втора директен состанок на Трамп и Ким, по „историскиот“ прв самит на американски и севернокорејски претседател, што се одржа во Сингапур, пред осум месеци.