Лидерот на Северна Кореја допатува во Виетнам со својот специјален зелено-жолт оклопен воз до станицата Донг Данг, на кинеско-виетнамската граница и потоа до Ханој го продолжи патот во црна лимузина од марката „мерцедес“.
Ким пристигна во Виетнам после скоро 70 часовно патување со воз, а многу често е виден со цигара во устата. Јапонската телевизија „ТБС“ го прикажа лидерот на Северна Кореја кој правеше „пуш пауза“ рано утрото на железничката станица Нанинг во Кина, по што го продолжи патот кон Ханој.
Тој допатува со група соработници, вклучително и неговата влијателна помлада сестра.
Ким и Трамп, кои ќе се сретнат по втор пат, се очекува да разговараат за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Самитот на двајцата лидери ќе се одржи во среда и четврток во Ханој.
Comments are closed for this post.