Неверојатни сцени кружат на Јутјуб од една болница во Русија – пациент по име Владимир само по гаќи се шета низ болница. Можеби тоа и ќе помине некако, но 34-годшиниот Владимир се шета со ноќ во грбот.

Дежурните сестри тргнале по него. Кога го прашале каде оди, тој им рекол дека оди надвор да запали цигара. Но, бидејќи немал цигари со себе, решил без проблеми да се врати во болничкиот кревет.

Владимир подоцна е опериран, ножот му бил изваден од грбот, а тој сега успешно се опоравува во болницата во Зеленодолски во Татарстан.