Папата Франциск денеска пред крајот на вонредната конференција за спречување на педофилија помеѓу свештенството повика на „сеопфатна борба против таа гнасна појава која би требало да се искорени од лицето на земјата“.
Папата вети дека Римокатоличката црква „нема да штеди напори“ извршителите да ги изнесе пред правдата и дека нема да го заташкува или потценува злоставувањето.
Тој, исто така, вети дека насоките на националните бискупски конференции за спречување и казнување на извршителите ќе бидат преиспитани и зајакнати.
Папата наведе дека најголемиот број случаи со сексуално злоставување на деца се случува во семејството, но дека тоа зло е уште поскандалозно кога ќе се случи во католичка црква, „бидејќи тоа потполно неспоиво со нејзиниот морален авторитет и етички кредибилитет“, информира Ројтерс.
Папата во Ватикан организираше четиридневен самит со цел разработка на стратегија со која би се спречила педофилијата во редовите на свештенството.
Comments are closed for this post.