Саудиска Арабија за прв пат именува жена за амбасадор, и тоа во САД, повлекувајќи го од таа позиција синот на кралот Салман кој ќе ја води функцијата министер за одбрана.

Државната „Сауди Прес“ агенција ја објави денеска оваа одлука како дел од серијата кралски декрети.

За амбасадор на САД поставена е принцезата Рема бин Бандар Ал Сауд, ќерка на долгогодишниот саудиски амбасадор во Вашингтон кој беше на чело на националната разузнавачка служба, јавува Асошиејтед Прес.