СДСМ е против партизација и против непотизам. Одлучни сме и заедно со граѓаните се бориме да ги промениме работите во нашето општество. Партизацијата која што со децении беше пракса во Македонија, конечно е на колена, истакна денес на прес-конференција Костадин Костаднов, портпаролот и пратеник од СДСМ.
Тој рече дека членови на семејствата на претставници на СДСМ преземаа морални чекори на повлекувања од своите работни места на свои и покрај тоа што со своето вработување не прекршиле ниту една процедура, не загрозиле ничие право и ги исполниле сите критериуми по мерит системот.
„Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа: мојата мајка, дедото на пратеникот Кирацовски, синот на пратеникот Мисовски, братот и сопругот на пратеничката Стојчевска. Тоа е интегритет. Заедно го менуваме општеството, се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото. Ајде сега да видиме дали колкав е интегритетот на Мицкоски и неговите од ВМРО-ДПМНЕ. Ајде да видиме што има да каже партијата која го рашири непотизмот до невидени размери.
Од овде, од пред центарот на непотизмот и симболот на криминално владеење, го повикуваме Христијан Мицкоски да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени поради нивно влијание“, повика Костадинов.
Тој притоа додаде дека Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ и дека „во ЕЛЕМ турс е вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски“.
„Покрај братучедот на Мицкоски, во ЕЛЕМ турс работа добил и Никола Шајновски, сопруг на личната партиска секретарка на Мицкоски, но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет. Сопругата на Хрстијан Мицкоски пак е вработена во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Дури и самиот Мицкоски е пример за непотизам со тоа што бил асистент кај својот татко на Машинскиот факултет, Иван Мицкоски.
Ајде Мицкоски, расплети го чворот од вработувања кои си ги создал околу тебе“, порача Костадинов.
Comments are closed for this post.