На социјалните мрежи доцна синоќа се појави информација дека сопругата на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, од минатата недела е вработена во УЈП.

И викате дека од професионални и морални причини дал оставка Котевски, директорот на затворот во Шутка, м?

Епа чим е дечкото толку голем моралиста, кажете му да биде до крај транспарентен и морален, и да го повлече вработувањето на неговата сопруга во УЈП.
Вработена пред 5 дена.

И викате дека од професионални и морални причини дал оставка Котевски, директорот на затворот во Шутка, м?

Епа чим е…

Posted by Kristian Jandrioski on Friday, February 22, 2019

Порталот „Република“ стапил во контакт со директорот во оставка Котевски, но тој не сакал во сабота да ја коментира информацијата.

Сабота е, собрани сме седум луѓе, работиме, морам да го завршам она што го ветив. Јавете се во таа институција, има таму директор, изјавил Котевски мислејќи на УЈП, пренесува „Република“.

На забелешката дека се работи за непотизам ако е вистина дека неговата сопруга се вработила пред пет дена во УЈП, Котевски потсетил на ветувањето дека ќе го реализира барањето на премиерот Заев да си поднесе оставка.

Јас сум во оставка, за каков непотизам зборувате, рече Котевски, кој не беше во оставка пред пет дена кога наводно била вработена неговата сопруга.

Јавете ми се во понеделник, сè ќе ви одговрам, завршил Котевски.