Четворица пациенти со сериозни повреди од сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци се сместени на КАРИЛ, а вчеравечер во Ургентниот центар бил префрлен уште еден пациент, кој претходно бил сместен на оделение во болницата 8-ми „Септември“.
Девојката на која вчера и беше ампутирана ногата, по две операции, е во тешка, критична состојба. Во тешка состојба е уште еден пациент со торакална повреда, кој е во интензивна нега. Утрово на повредите во сообраќајката им подлегна 39 годишен маж.
За ова денеска информираше Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Клиничкиот центар Илир Хасани.
„Пациентот беше меѓу првите примени дента. Тој беше опериран меѓу првите, кога ги отворивме првите четири сали. Поради сериозноста на повредата следниот ден беше повторно ревидиран и направена е хемостаза и обид да се запре тешкото крварење на белиот дроб. По интензивен конзервативен и оперативен третман на пациентот, денеска во утринските часови, за жал, им подлегна на повредите“, соопшти Директорот на Ургентен центар Илир Хасани.
Во врска со 39 годишниот пациент кој почина утрово, Министерот за здравство Венко Филипче рече дека и покрај сите напори пациентот им подлегнал на повредите бидејќи како што рече станувало збор за тешки повреди на градниот кош и на белите дробови.
Comments are closed for this post.