Во текот на ноќта почина уште еден пациент, кој беше во тешка состојба на КАРИЛ. Станува збор за 39 годишен пациент кој имал проблеми со дишењето, потврдија од Ургентниот центар.

Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.

Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови.

Со ова бројката на загинати од трагичната сообраќајна несреќа на патот Тетово Скопје, кај селото Ласкарци се зголеми на 15 лица.