Првиот карго воз со 37 контејнери го напушти белгискиот град Лиеж тргнувајќи на долго патување кон главниот град на кинеската престолнина Хенан. Овој транспорт е дел од амбициозниот кинески проект Еден појас еден пат.
Возот е натоварен со стоки, меѓу кои автомобилски делови, бебешка храна, фармацевтски производи и производи од челик, увоз за продавниците во централна Кина.
Композицијата ќе патува 12 дена низ континентот, потоа преку Русија ќе пристигне во Женгжу проаѓајќи 11.000 километри.
Според планот на железницата овој транспорт ќе поаѓа секоја недела по еднаш, а со намера во иднина таа фреквенција да се зголеми.
Потпретседателот на покраината Валонија, Пјер-Ив Жехолет изјави дека „се многу заинтересирани за соработка со Кина, за градење силни врски, а ова го гледаат како голема можност и потреба“.
Женгжу-Лиеж е третата рута со која двете земји транспортно се поврзуваат – првата рута стартуваше лани во јуни со која се поврзаа Даќинг и Зеебриж, а потоа и Тангшан со пристаништето Антверп.
Од почетокот на проектот Патот на свилата во 2014, со што Кина се поврза со Европа, речиси 11.000 возови се движеле меѓу Кина и Европа.
Comments are closed for this post.