Полицијата на островската држава Папуа Нова Гвинеја бара 284 автомобили купени од страна на државата за превоз на официјалните делегации на форумот за Азиско-тихоокеанска соработка, кои исчезнале по неговото одржување.

Станува збор за луксузни автомобили, што биле набавени за минатогодишната средба, која се одржа во ноември. Вкупната потрошена сума не се открива, но се работи за автомобили од марките форд, мазда, џипови пјаџеро и лендкрузер. Најскапите автомобили од марката масерати (секој во вредност од 100.000 долари) и три бентлија се откриени.

Меѓутоа, трагите на останатите возила им се губат. Лидерите на тихоокеанската држва со 7,3 милиони жители се надеваа дека самитот на АТИС ќе го привлече меѓународното внимание, како и нови странски инвестиции. Критичарите на неговата организација, пак, тврдеа дека тоа е пример за државно расипништво.