Знамето на НАТО денеска на свечена церемонија ќе биде кренато пред зградата на Владата. На собирот ќе говори премиерот Заев.
Ова следува откако вчера беа тргнати буквите на кои пишуваше влада на Република Македонија а се очекува да бидат поставени нови со името Северна Македонија.
Потоа следува стапување во сила на уставните амандмани и нивно објавување во Службен весник.
Двете земји треба да поднесат и заедничко писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутареш, дека билатералниот спор е решен, по што започнува примената на новото име на државните институции, промена на граничните табли и на дипломатско-конзуларните претставништва.
Comments are closed for this post.