Грција и ја достави на Македонија нотата со која ја информира дека ги исполнила своите обврски за да може Договорот од Преспа да стапи на сила, објави телевизија Телма. Се очекува уште вечерва во Службен весник да биде објавен датумот кога стапуваат на сила уставните измени и уставните закони, со кои Република Македонија ќе стане Република Северна Македонија.

По нотата од Грција, двете земји ќе испратат заедничко писмо до Генералниот секретар на ОН дека спорот со името е надминат и од кога Договорот од Преспа стапува на сила. Македонија потоа со писмо ќе го информира Секретаријатото на ОН, земјите-членки, како и сите меѓународни организации за новото уставно име.