Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, денеска на седницата во Собрание на Република Македонија, го образложи барањето за измена на Изборниот законик по скратена постапка.
Значи со член 1 се брише обврската за ДИК да врши мониторинг на електронските медиуми и портали, за време на изборните процеси бидејќи реално е немаат услови ниту техничка можност да го прават истото. Со член 2 се определува дека исплатата на средства од Буџетот за платено политичко рекламирање и агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги ќе биде должна да достави извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите на Министерството за финансии на десеттиот ден од изборната кампања и на седмиот ден по завршувањето на изборната кампања, појасни Мицевски.
Мицевски нагласи дека ДИК е должна да ги достави ценовниците за платено политичко рекламирање на печатените медиуми и електронски медиуми до министерството за финансии во рок од 10 дена од денот на распишување на изборите. Оваа е една можност да го дорегулираме и да извршиме мониторирање и на овој вид на медиуми со одредена забелешка дека ќе треба допрецизирање и добра анализа за да може и ДИК и АВМУ истото да го допрецизира како би можеле да имаме реално информирање, реална контрола и мониторинг на истото, посочи Мицевски.
Comments are closed for this post.