Најмалку 21 лице загинаа при експлозија на дел од гасоводот во мексиканската држава Идалго, објави државниот гувернер Омар Фајад на Твитер.
“Јас сум на местото на инцидентот во Тлауелилпан, во моментот се пријавени 21 мртви и 71 повреден. Јас останувам во контакт со претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор за да им помагам на семејствата на загинатите “, напишал Фајад.
Гасоводот експлодирал во близина на градот Тлахуерилпан, каде што десетици луѓе собирале гориво. Властите на Мексико Сити испратија четири хеликоптери во Идалго за да им помогнат на повредените во инцидентот.
Comments are closed for this post.