Жолтите елеци и денеска одржуваат митинзи ширум Франција и покрај националната дебата покрената од претседателот Емануел Макрон.

Маршот започна од пред парискиот Дом на инвалиди, каде се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта, во чест на стотиците повредени припадници на Движењето.

Во Париз распоредени се околу 5.000 полицајци, посебно околу зградата на Владата и на Елисејските полиња, каде се наоѓа седиштето на францускиот претседател.

Илјадници полицајци се распоредени и во другите француски градови каде се најавени протести.

Денешните протести, десетти викенд по ред, ќе бидат тест за претседателот Макрон да види колку јавната дебата го намали бесот на Жолтите елеци.

Протестите почнаа поради зголемување на данокот за гориво, но прерасна во големо незадоволство поради економската ситуација во земјата.