Двајцата царински работници кои го посетија Никола Груевски во Будимпешта се прераспределени на други работни места во Царинската управа. Ова денеска го потврди директорот Ѓоко Танаскоски. Едниот од нив е прераспределен од архива во магацин, а царинскиот службеник Александар Трајковски од секторот контрола и истраги исто така е прераспределен на друго работно, но е оставен на ниво на кое бил и предходно.
Александар Трајковски на 11 декември се појави на социјалните мрежи на фотографија. Тој е еден од обвинетите во случајот на СЈО „Насилства и шамари во Центар“, а рече дека бил во Будимпешта за да си ги лекува синусите. И за вториот царински службеник, траат проверките во Царина, тој беше на посета на Груевски во време додека користел годишен одмор и слободни денови.
Од архива во магацин
Посетителите на Груевски прераспределени на други работни места (ВИДЕО)
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.