Под притисок на американската администрација на претседателот Доналд Трамп косовскиот претседател Хашим Тачи обеќал дека ќе преземе значаен чекор кон решавање на ескалираното одмерување на силите со Србија, пишува „Вашингтон пост“.
Во текстот се наведува дека Трамп невообичаено директно се обратил на српскиот и косовскиот лидер така што им испратил лично писма во кои ја наговестил можноста мировната конференција да се одржи во Белата куќа.
Тачи во изјава за „Вашингтон пост“, на англиски и преку меил во петокот, рече дека е „подготвен да го разгледа укинувањето на тарифите ако за Косово се отвори јасен пат за продолжување во правец на постигнување на конечен мировен договор со Србија.
Американскиот весник ја цитира изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека за решавање на комплексното и тешко прашање неопходно е силно раководство. Се наведува и дека Вучиќ рекол дека е скептичен во поглед на искреноста на Тачи кога станува збор за укинување на тарифите, наведувајќи дека Тачи и Харадинај играат игра на „добар и лош полицаец“.
Обајцата лидери, се наведува, писмата ги сфатиле како знак на подготвеност на Трамп да преземе активна улога, како посредник, иако американските официјални лица велат дека го задржуваат пристапот на немешање во работите.
Comments are closed for this post.