Од државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје информираат дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом.
Во меѓувреме, раководството на Домот работи и на поставување на видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, на Твитер денеска беше објавена фотографија на која се гледа дека мобилен телефон е поставен веднаш над прозорецот кај женските тоалети во студентскиот дом.
БОЛНИ УМОВИ! На Кузман студентскиов на 3ти кат, поставен е мобилен телефон на терасата кој ги снима Женските тоалети-тушени, молам за масовен РТ за да се информираат сите засегнати! Фала pic.twitter.com/mITO0f4Vuh
— Nino (@NinoMakedon) January 3, 2019
Comments are closed for this post.