Грчките медиуми не престануваат со критиките но и шегите на сметка на премиерот Алексис Ципрас и „пуштањето“ на метрото во Солун иако тоа е далеку од готово.
Коментарите во медиумите се дека Ципрас се одлучил на ваков чекор во предизборни цели бидејќи е повеќе од јасно дека Сириза ќе ги изгуби изборите и дека Кирјакос Мицотакис речиси сигурно ќе биде нов премиер.
Најдалеку во критиките отиде весикот „Етнос“ кој објави карикатура како спрегнат човек го влече вагонот во кој се вози Ципрас.
Исто така во други медиуми и на социјалните мрежи објавени се фотографии од метрото во кое во најголем дел нема пруга ниту возови, насекаде има голи ѕидови а пак наместо апарати за купување на билети има постери.
Comments are closed for this post.