Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во новогодишното обраќање до нацијата повика на единство, а притоа и се осврна на националните приоритети.

Како прашање број го истакна надворешниот долг кој се решава, а притоа тој ја потенцвираше важноста на социјалната кохезија и правда.

Како второ прашање по важност го наведе Кипар, при што рече дека Грција сака да се најде што поскоро решение и оти Атина сака да гради пријателски односи со Турција.

На трето место е Македонија, при што Павлопулос кажа дека Грција го отвора патот за соседот кон членствотот во НАТО и во ЕУ затоа што е најдено „решение за името, врз основа на историјата и меѓународното право“.

Во националните приоритети се и односите со Албанија, при што претседателот на Грција рече дека тие ја поддржуваат европската перспектива на соседот, но под услов земјата целосно да ги почитува меѓународното и европското право.

„Нашата историја докажа дека силите на Хеленизмот, силата на нашите луѓе и на нацијата, се, буквално, неисцрпни“, истакна Павлопулос.