Во Бања Лука денеска е откажан дочекот на Новата година на плоштадот , откако синоќа демонстрантите ,,Правда за Давид” , го попречија концертот на Харис Џиновиќ.

И вчеравечер во Бања Лука се одржа масовен протестен марш , во кој демонстрантите бараа да не се крие убиството на младиот Давид Драгичевиќ.

Тие го оневозможија одржувањето на предновогодишниот концерт на фолк ѕвездата Харис Џиновиќ , кој требаше да настапи на плоштадот во Бања Лука.

Демонстрантите му довикуваа и го обвинуваа пејачот зошто не го откажал претходно концертот. Демонстрантите застанаа и пред зградата на Владата на република Српска , како и пред телевизијата , барајќи да се дознае вистината за момчето , кои во март годинава го загуби животото под неразјаснети околности.