Сириската војска влезе во Манбиџ. Дамаск одговори на повикот за заштита на курдските сили, и влезе во градот кој важи за стратешко место на северот од Сирија, јавува Раша Тудеј.
Паралелно со развојот на настаните, турската војска продолжи да испраќа зајакнување на границата, подготвувајќи се на најавената офанзива која сега е под знак прашање.
Денеска Курдите ја повикаа сириската војска да ги заштити од престојната турска инвазија.
Турската армија заедно со милитантните групи кои што ѝ се лојални на Анкара, се подготвува за нова агресија и заземање на овој сириски град кој беше ослободен од Исламската држава благодарение на Курдите.
Ние си ја знаеме нашата должност, и ќе го заштитиме народот во Манџиб. Нашите војнци влегоа во градот и го кренаа знамето на Сириската Арапска Република
До американското повлекување Курдите ја уживаа заштитата од Америка и Западот, чии сили беа распоредени на североистокот од земјата.
Long before American support, & before the world knew their name, the Kurds of the YPG & YPJ fought ISIS & other extremist factions interlaced with the Syrian rebels.⁰⁰
The YPG/J believed from the beginning that the world would only learn their plight through their struggle. pic.twitter.com/wVcaTAoJwK— Joey L. (@joeyldotcom) December 22, 2018
Comments are closed for this post.