Министерството за внатрешни работи на Франција нарачало пушки за солзавец кои би биле користени против демонстрантите.

Според пишувањето на француските медиуми, министерството на 23 декември нарачало 1280 парчиња пушки за солзавец од различни модели.

Се наведува дека како што е планирано ова оружје да го користи полицијата и жандармеријата против демонстрантите, пренесува Анадолија.

Локалните медиуми наведуваат дека споменатото оружје француската полиција го користи од 2016 година.

Голем број политичари и активисти тврдат дека многу луѓе токму со ова оружје се повредени за време на протестите на „жолтите елеци“ во таа земја.

За време на протестот загинаа 10, а приведени се 4341 лице, додека повредени се повеќе од 1000 демонстранти.

Движењето „жолти елеци“ го носи името по сигурносниот флуоресцентен елек, кој во автомобилите мораат да го имаат сите возачи во Франција.

Протестите започнаа во средината на ноември против најавеното зголемување на таксите за гориво.

Според податоците на Министерството за економија на Франција, голем број компании трпат материјална штета заради протестите.

Се наведува дека без работа останале околу 43 илјади граѓани со што на државата и е нанесена штета од 28 милиони евра.

Агнес Паниер Рунашер, државна министерка за економски прашањеа, рече дека заради протестите на „жолтите елеци“ за 25 отсто е забележано намалување на прометот во трговијата, пренесува Сеебиз.