Ветуваа, многу ветуваа се сеќавам и овде во Прилеп дека најмалку 5 проценти ќе растела економијата на годишно ниво, помина речиси половина мандат, ни половина од тие 5 проценти не успеаја да испорачаат раст на бруто домашниот производ, а кој е тој БДП?, тоа се оние пари кои што ветуваа дека ќе завршат кај граѓаните, ова денеска од протесниот марш во Прилеп го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Ама не само што тие пари не завршија кај граѓаните, туку од ден на ден, се повеќе завршуваат во нивните џебови, така што ги зголемуваат даноците и го полнат буџетот. Го укинаа советот за јавни набавки за да може да им врват тендерите во четири очи, да можат полесно да ги договараат провизиите кои што секој граѓанин знае дека се движат од 5 до 15 проценти, а местото на исплата и тоа се знае, еден ресторан и хотел во источна Македонија и не ги интересира дали даноците се зголемени затоа што кај нив игра само „ќешот“ и ништо повеќе „лопови“ и ништо повеќе не се од тоа тие луѓе, потенцира Мицкоски.
Да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела Македонија кој кога го чествуваше Св. Климент, положуваше цвеќе на споменикот на Ченто, оставка веднаш да поднесе. Еден друг функционер на Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже „Ова е искомплексирана нација“. Јас гледам горди Македонци, луѓе кои ја сакаат татковината и нацијата, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека патот кој треба да го изодат нема да биде краток.
-Ќе има многу предизвици, но ние заедно ќе го одиме и во овие декемвриски денови. На крајот од тој пат ќе биде победата, заедно ќе победиме и чекориме и во јануари и февруари и во март, потоа ќе дојде април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која ќе ги најави предвремените парламентрани избори кога народот во македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него. Народот кој го лажеше, кој се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална влада ги води во Македонија. Па, уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплекцирана нација, нагласи Мицкоски.
Comments are closed for this post.