Денес, ја посетивме старата градска чаршија во Прилеп се сретнавме и разговаравме со граѓаните, дуќанџиите, луѓето од еснафот.Огромно задоволство ми претставува тоа што гледаме една нова слика и нов ентузијазам. Ја нема загриженоста на нивните лица и го нема стравот од неизвесноста во работата со нивните бизниси, истакна Александар Кирацоски од СДСМ

Нема повеќе од оние одмазнички упади во фирмите, нема веќе затворање на дуќаните, упропастување на бизниси, драконски казни и рекет што беше одлика на криминалото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Прилеп, Македонија, ставија крај на оние кои водеа во безизлез и никогаш повеќе нема да си дозволат неизвесна иднина.

Граѓаните, дуќанџиите, ја добија својата слобода и никогаш повеќе нема да ја загубат.

Безидејното раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски, кое денеска тука во Прилеп организира уште еден протести за одбрана на криминалот, нема никаков план.

Мицкоски нема став, нема визија, нема идеја. Тој е дел од едно антизападно раководство кое едноставно не е достојно за Македонија.

Очигледна е разликата помеѓу одговорната власт предводена од СДСМ и деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.

Црнила се политиките на рекет и драконски казни. Наспроти тоа, ние создаваме можности и отвораме перспективи, преку намалување на казните и до 75%.

Домашните и странски компании сега се изедначени и добиваат значителна помош за инвестирање и отворање нови и подобро платени работни места.

Државата сега стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка со покривање на 30% од директните трошоци, финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената. Затоа сега платите растат.