19 октомври беше најтешкиот ден и најболниот ден во мојот живот. Зоран Заев приверено ја спаси всвојата кариера. Македонците на 30 септември на Заев јасно му кажаа немој ова да и го прави на нашата држава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестот во Прилеп.

Тој истакна дека власта многу ветуваше пет проценти еконкмски раст но не успеале да испорачаат ни половина но наместо кај граѓаните парите завршуваат во нивните џебови.

Зоран Заев за кратко преживеа и допрва доаѓа казната за него. Велеа нема правда нема мир а го слушавме нобеловецот како договара. И сега тој е помилуван а браќата патриоти се во зандана-рече Мицкоски.