Законот за амнестија има за цел да се протнат уставните измени преку методот на „стапот и морковот“, нешто што не е дозволиво од гледна точка на владеење на правото, вели во интервју за Пресинг ТВ Здравко Савески од Левица, еден од најгласните и најборбените учесници за време на протестите на „Шарената револуција“.
„Секое прекршување на владеењето на правото и демократијата, Македонија не ја води по европскиот пат без разлика колку и да кажуваат дека ова го прават за влез во ЕУ“, смета Савески.
Според него „Шарената револуција“ е предадена со самото доаѓање на власт на СДСМ.
„Тие ја искористија протестната енергија, за да седнат во фотелја и да се однесуваат во голема мера како што се однесуваше минатата власт“, вели Савески.
Не се кае што бил дел од „Шарената револуција“.
„И тогаш и сега се борев и се борам за социјална правда и демократија. Тоа што беше злоупотребена борбата од страна на СДСМ не значи дека треба да се откажеме од таа борба и тука се виде кој за што се борел,дали за фотелји или за реални промени во корист на обичниот човек“, додава Савески.