Многу реакции во јавноста предизвика законот за трговија на зелените пазари. Коментарите се дека е тој дискриминаторски и под итно треба да биде поништен во делот во кој се ограничува правото на граѓаните да се бават со одредена дејност.
Законот предвидува лиценцирање на пазарџиите и забрана на зелените пазари да продаваат пензионери, вработени, хонорарци.
Од Стопанската комора на Македонија велат дека постои опасност повеќе од 6000 закупци на тезги да останат надвор од зелените пазари од почетокот на 2019 та година. Велат дека нема предуслови да почне да се применува и бараат негово одложување.
Од друга страна пак, од здружението на пазарџии, односно нивниот претседател Екрем Долек е категоричен дека законот е добар и е решение кое го барале со години. Според Долек , пензионерите и хонорарците кои продавале по зелените пазари биле нелојална конкуренција, на останатите тезгаџии.
Comments are closed for this post.