Законот за пазари, ЗА или ПРОТИВ?

Законот за трговија на зелените пазари по итна постапка е усвоен на почетокот од оваа година, по иницијатива на група пратеници. Министерството за економија ги донесе подзаконските акти.

Со новиот закон практично пензионерите, социјалците случаи, стечајци или оние кои имаат некаков прилив по однос на некаков хонорар нема да можат да добијат лиценца, а без лиценца не смее да добијат ни тезга на било кој од зелените пазари низ државата.

Законот за трговија на зелените пазари ќе почне да се применува од 1 јануари 2019 година.

Комората на трговци на зелени пазари побара негово одложување, поради, како што укажа, ненавремено донесени подзаконски акти и немање дефинирани услови за тоа како ќе изгледа лиценцата за вршење дејност.

Министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека измени на Законот се можни по нова година, бидејќи две недели не се доволни за каква било интервенција.

Од Стопанската комора на Македонија велат дека постои опасност повеќе од 6000 закупци на тезги да останат надвор од зелените пазари. Од друга страна пак, од здружението на пазарџии, велат дека законот е добар и е решение кое го барале со години.

Од опозицијата сметаат дека ваквиот закон ќе ја зголеми сивата економија.

Остро реагираше и Политичката партија Левица.

Пресинг ТВ побара став од пазарџиите во еден од скопксите пазари.

 

 

 

Најнови видеа