Опозициските пратеници од Демократската партија се вратија во албанскиот парламент, и веднаш направија инцидент.

За време додека во собранието се обраќаше Еди Рама, најверојатно затоа што порача дека ќе го скрати говорот оти ќе треба да им се обрати на студентите, веројатно мислејќи дека тие се поважни, еден од демократите го нападна со јајца.

Изнервираниот Ендри Хаса со едно јајце го погоди премиерот во пределот на стомакот, а второто му ја закачи главата.

Веднаш потоа молскавично реагираше обезбедувањето на Рама, кои го совладаа пратеникот од Демократската партија, кој набрзина беше изнесен надвор од собраниската сала. Хаса е казнет со забрана за доаѓање на седници во наредните 10 дена.

И додека во собранието имаше инцидент, надвор продолжија протестите на студентите. Премиерот Рама прифати да ја намали студентската школарина, но повика на дијалог за сите барања на студентите.