Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров во интервју „Балканхендбал” изјави дека неговата играчка кариера ќе заврши по истекот на договорот со францускиот тим Нант, со кого неодамна го продолжи договорот за уште две години.
Лазаров откри и дека актуелниот селектор на репрезентацијата, Раул Гонзалес бил сериозно заинтересиран да го доведе во ПСЖ, но македонскиот решрезентативец го одбил и реши да остане во актуелниот тим.
Долгогодишниот капитен на ракометната репрезентација укажа и на проблемот што го има националниот тим и е поврзан со селекторите кои губат фокус работејќи во клубовите.
Сега е прашање дали нашиот селектор кој го сакаме, го почитуваме и знаеме дека е еден од најдобрите тренери, ќе има време и што ќе му биде приоритет во работата – Македонија или ПСЖ, прашува Лазаров.
Во однос на Светското првенство во Данска и Германија, Лазаров смета дека ќе имаме многу тешка задача во нашата група, и за нас ќе биде успех ако ја поминеме.
Се надевам дека ќе бидеме комплетни, здрави и ако добро се подготвиме и ако се покаже шанса, зошто да не се бориме за првите осум. Сепак, прва цел е да ја поминеме групата, вели Лазаров.
Во продолжение целото интервју…
Comments are closed for this post.